logo
logo
logo

НАСА откри дали постои можност Земјата да биде погодена од астероид: Еве уште колку години можеме да здивнеме

Vecer | 28.03.2021

НАСА откри дали постои можност Земјата да биде погодена од астероид: Еве уште колку години можеме да здивнеме

Жителите на планетата Земја може да здивнат, бидејќи американската вселенска агенција НАСА потврди дека планетата Земја е „сигурна“ најмалку 100 години од астероид.

НАСА го сметаше астероидот „Апофис“ во 2004 година, за најопасен за Земјата.

Порано прогнозите беа дека може да помине астероид помеѓу 2029 и 2036 година, а подоцна овие предвидувања се исклучени, пренесе Би-Би-Си.

Извесна закана остана за 2068 година, а сега и таа закана е отфрлена од НАСА.

„Ударот во 2068 година повеќе не е во можност, а нашите пресметки не покажуваат ризик од удар најмалку 100 години“, рече Давид Фарнокиа од Центарот за истражување на објекти во близината на Земјата во лабораторијата на НАСА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk