logo
logo
logo

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА за подароците: Што НЕ се подарува!

Vecer | 24.09.2022

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА за подароците: Што НЕ се подарува!

Изборот на подарок за саканите би требало да претставува големо задоволство, меѓутоа, многумина се во дилема кога е во прашање изборот на подарок. Без разлика дали се работи за годишнина, свадба, роденден или прослава, постојат длабоко вкоренети суеверија кои со години останале во традицијата.

Според народните верувања, постојат работи кои никогаш не треба да ги подаруваме за да не нанесеме голема несреќа. Во продолжение на текстот ви пренесуваме список на работи кои според старите верувања не би требало да бидат меѓу подароците.

Poklon, Pokloni

Остри предмети како нож, брич, игла и слични работи никогаш не се даваат на саканите. Подарувањето на овие предмети во одреден временски период предизвикува кавги и прекини во односите.

Огледалата и садовите исто така не треба да се подаруваат бидејќи се верува дека огледалата содржат заробена магија. Наводно, подарените огледала носат неволја во животот на оној што ги прима, додека садовите може да се подаруваат само ако во секоја чинија се вметне паричка, бидејќи се верува дека празните садовите носат сиромаштија.

 

devojka se odgleda, ogledalo, devojka, Portret, Psihologija, Zamišljena Devojka, Zabrinuta žena, psihopata

Часовник и запалка не треба да се подаруваат доколку сакаме да избегнеме конфликти и прекин на односите со личноста на која и ги подаруваме. Постои старо верување дека ако девојката му купи часовник на момчето, или тој ѝ купи часовник, часот на нивната разделба ќе почне да отчукува. Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето на часовник го означува почетокот на одбројувањето до смртта.

Upaljač

Се верува дека марамчињата и шаловите носат неволја и лоши луѓе во животот на оној кој ги добива како подарок.

Бисерите изгледаат како одлична идеја, но се верува дека подарените бисери носат болест и загуба во куќата. Бисерите се симбол на солзите на сирачињата и вдовиците и токму затоа настанало верувањето за подарувањето бисери.

 

Nokti, šešir, Crveni Ruž, Dama, Crveni Lak, Biseri, Perle

На листата на подароци кои не треба да се даваат се и парите, додека денес е вообичаено наместо подарок да се даде подарок-картичка со пари, односно да се плати одредена сума во продавница за која примачот ќе може да избере што сака.

Цвеќето е најчестиот подарок што го добиваат дамите и е идеално за сите прилики, но сепак треба да се внимава како се подарува.

Devojka, Žena, Cveće, Uživanje

Вообичаено е да се даде непарен број цвеќиња, бидејќи парниот број се носи на гробиштата. Ова не важи за букетите со мали цвеќиња. Избегнувајте да подарувате хортензии, хризантеми и лилјани како подарок, бидејќи овие цвеќиња најчесто се носат на гробиштата.

Од истата причина, никогаш не купувајте и не давајте вештачко цвеќе. Исто така, се верува дека одредена боја на цвеќе има одредено значење (црвена - љубов, бела - невиност, жолта - љубомора и слично).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk