Напуштеното куче од расата Ши-Тцу во Канзас Сити доживеало неверојатна трансформација кога организацијата за помош на животни “KC Pet Project” го пронашла.

Кутрето било толку запуштено што речиси не се гледало од влакната кои почнале да се засукуваат.

На вработените во организацијата им биле потребни часови да отстранат 3,5 килограми влакна од него, кои изнесувале третина од неговата тежина кога пронашле.

Снимката од пострижувањето се проширила на социјалните мрежи многу брзо, а само на Тик-Ток била прегледана повеќе од 42 милиони пати.

На видеото може да се види транформацијата на кутрето.