logo
logo
logo

ЛАЖИРАЛА СВАДБА за да му се ОДМАЗДИ НА БИВШИОТ (ВИДЕО)

Vecer | 26.05.2021

ЛАЖИРАЛА СВАДБА за да му се ОДМАЗДИ НА БИВШИОТ (ВИДЕО)

Преболувањето на долга врска кај сите е различно.  Некои страдаат повеќе, некои помалку, некои се свртуваат кон други активности за да ги пренасочат своите мисли, додека некои сакаат да им се одмаздат на своите поранешни.

Сара Вилард припаѓа на оваа втора група, и таа е од тие кои сакаат да се одмаздат.

Таа смислила неверојатен план да го направи бившиот љубоморен. Односно, таа организирала лажна венчавка, дури и направила фотосесија.

Оваа девојка на социјалната мрежа ТикТок сподели видео во кое објасни како се сеќава на непријатни моменти, дека лажирала свадба и организирала фото сесија со цел да му се одмазди на поранешното момче. За време на видеото,  покажува фотографии во венчаница со лажниот сопруг.

Покрај венчаницата, Сара платила и фризер и шминкерка за да изгледа совршено за нејзиниот голем ден. Во целата приказна била вклучена и нејзината најдобра пријателка, која ја глумела нејзината кума.

Иако знае дека нејзиниот метод е невообичаен, во коментарите откри дека нејзиното поранешно момче и испратило порака откако ги видело фотографиите од венчавката.

Нејзиното видео брзо стана вирално на социјалните мрежи, но исто така предизвика и многу полемики.

- Претера со ова, но барем овој сопруг е убав. Требаше да го чуваш - напиша еден корисник.

@sarahvilardYup I’m crazy

♬ Gnarls Barkley Crazy Stephen Kramer Glickman - Gustavo Rocque

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk