logo
logo
logo

ВИДЕО

Највисоката жена во светот е висока 234 см и пати од страшна и ретка болест!

Vecer | 14.10.2021

Највисоката жена во светот е висока 234 см и пати од страшна и ретка болест!

Највисоката жена во светот е висока дури 234 см. Румејса Гелги (24) живее во турција и сака со својата „титула“ да ги поттикне луѓето да се прифатат себе и својот физички изглед. Нејзината висина е последица на Виверовиот синдром, кој предизвикува забрзан раст. Ова е нејзин втор светски рекорд, отако во 2014 била прогласена за највисока тинејџерка.

Главно користи инвалидска количка иако може да оди и со помош на одалка.

- Секој недостаток може да се претвори во предност, само прифатете се себеси онакви какви што сте, бидете свесни за својот потенцијал и дајте се од себе, рекла Румејса.

Претходен рекордер кога е во прашање висината на жените била една жена од Кина која починала во 1982 година, а била висока дури 243 сантиметри.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk