logo
logo
logo

Најубави градови во Европа според СиЕнЕН - ТРИ СЕ ОД БАЛКАНОТ, НО НИЕДЕН ОД МАКЕДОНИЈА

Vecer | 10.08.2022

Најубави градови во Европа според СиЕнЕН - ТРИ СЕ ОД БАЛКАНОТ, НО НИЕДЕН ОД МАКЕДОНИЈА

Си-Ен-Ен го вклучи Мостар на листата на најубави градови во Европа каде го зазеде шестото место.

„Париз, Рим, Барселона... Овие европски градови со право се на листата на задолжителни посети. Меѓутоа, помалите градови се исто така магични бидејќи имаат прекрасна архитектура и богата култура“, рече во својата статија репортерката на CNN, Џулија Бакли.

Беше споменато дека Стариот мост, изграден од Османлиите во 16 век, долго време се смета за еден од најдобрите примери на балканската исламска култура. Се протега високо над реката Неретва и е една од најпознатите знаменитости на Балканот.

Беше забележано и дека Стариот мост беше срушен во 1993 година од страна на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО). Реконструираниот мост беше отворен во 2004 година, а Мостар денес е една од омилените дестинации во Босна и Херцеговина. Многу туристи од Дубровник доаѓаат во Мостар на еднодневен излет.

https://youtu.be/_KNINBNRneo

Пред Мостар на листата на Си-Ен-Ен се најдоа Гиторн (Холандија), Гимараеш (Португалија), Роскоф (Франција), Ангиари (Италија) и Нафплио (Грција).

Зад Мостар се Мазара дел Вало (Сицилија), Кловели (Велика Британија), Динкелсбил (Германија), Кенмаре (Ирска), РРејне (Норвешка), Регенкос (Шпанија) и Тарнов (Полска).

Сепак, она што е интересно е дека зад Мостар има уште два града од регионот, и тоа Корчула во Хрватска и Пиран во Словенија.

https://youtu.be/2PSf6vQfSWg

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk