logo
logo
logo

Најубава или просечна – како жената се гледа себеси?

Vecer | 24.02.2021

Најубава или просечна – како жената се гледа себеси?

Интересно истражување кое го спроведе компанијата Dove и го прикажа со видео запис, ни покажува како жените всушност се доживуваат себе си, дали почесто мислат дека се убави или сепак мислат дека се просечни?

Компанијата на влезните врати на пет трговски центри во Сан Франциско, Шангај, Њу Делхи, Лондон и Сао Паоло стави два натписа – “Убава” и “Просечна”, давајќи им на посетителките можност за избор да се сместат во една од овие две групи.

Она што е посебно интересно, а што имаме прилика и да го видиме во видео записот е дека жените генерално се доживуваат себе си сосема поинаку од она што би можело да се нарече објективна состојба на нештата и она како другите луѓе ги гледаат.

Дури 9.397 жени од вкупно 11.000 влегле низ вратата со натпис “Просечна”, што значи дека дури 84 отсто од нив имале негативно мислење за сопствениот изглед. Најголема самодоверба покажале жените во Австралија, додека само четири отсто од жените во целиот свет се изјаснуваат дека се убави.

Многу жени откако ја избрале вратата со одговарачкиот натпис изјавиле дека после тоа зажалиле и посакале да влезат низ другата врата, бидејќи тоа значајно влијаело на сликата која ја имаат за својот изглед.

– Беше непријатно да се соочиме со овие натписи и да одлучиме и да бидеме свесни како се гледаме себе си, а како навистина нè гледаат другите и дали сето тоа се совпаѓа. Јас направив избор, а сега за тоа ќе размислувам со недели, можеби и месеци, изјави една Британка.

Видео записот е дел од “Dove #ChooseBeautiful” кампањите чија цел е да ги натера жените ширум светот добро да размислат за изборот кој го прават кога се работи за сфаќањето на сопственото тело.

– Жените секојдневно прават илјадници одлуки, во врска со нивната кариера, во врска со нивното семејство и да не заборавиме – во врска со себе си. Одлуката секој ден да се чувствуваат убаво е една од оние кои жените би требало да ја направат токму секој ден, порачуваат од оваа компанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk