logo
logo
logo

Најстарата приказна за ГОЛЕМИОТ ПОТОП не е со Ное, ИМА УШТЕ ПОСТАРА

Vecer | 31.05.2021

Најстарата приказна за ГОЛЕМИОТ ПОТОП не е со Ное, ИМА УШТЕ ПОСТАРА

Нема кој не ја знае приказната за Ное, неговата арка и големиот потоп кој требало да го спаси човештвото затоа што било полно со гревови. Но, малкумина знаат дека постои постара приказна за потоп од оваа.

Всушност најстарата приказна за Големиот потоп всушност потекнува од антички Сумер

Според античките записи, Ериду (денешен Абу Шареин во Ирак) бил првиот град создаден од боговите на планетата. Во тој град живеел античкиот сумерски бог Енки, кој го изградил градот во 5400 п.н.е.

Античката сумерска плоча на Нипур е најстариот извор на приказната за Големиот потоп и создавањето на луѓе и животни, но исто така и на градовите Антелулу на Земјата и нивните владетели.

Според античките сумерски записи, Ериду бил дом на првите кралеви: „Кога кралевите слегоа од небото, нивното царство се викаше Ериду“.

Приказната за Големиот потоп и создавањето на светот и градовите е целосно опишана во античките сумерски текстови наречени Генеза на Ериду.

Генезата на Ериду, за која се верува дека потекнува околу 2300 година п.н.е., е најстариот извор во кој се споменува Големиот потоп.

Овој антички сумерски текст се наоѓа на глинена плоча која експертите ја нарекуваат плоча Нипур бидејќи е откриена во античкиот град Нипур. Содржи шест колони текст со околу 10-15 редови во секоја колона и е напишана на антички сумерски јазик.

Меѓу другото, се вели:

„Откако Ана, Енлил, Енки и Нинурсаг ги создадоа црните луѓе, вегетацијата никна од земјата. Се појавија и животни… “

„Откако дојде царството од небото, откако од небото се крена престолот и возвишената круна, тој ги усоврши обредите и божествените прописи… Основаше пет градови на чисти места…“

„Со оваа поплава ќе го уништиме семето на човештвото.“  Тоа е одлуката на соборот на боговите. По наредба на Ану и Енлил, на нивното кралство ќе  му дојде крај“

„Сите бури, неверојатно моќни, нападнаа како една. Седум дена и седум ноќи, поплавата го гушеше светот, само еден огромен брод се тресеше на брановите под ударот на невремето ... “

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk