logo
logo
logo

Необично пријателство

Најслаткото нешто што ќе го видите денес - мачка и прасе најдобри другари

Vecer | 20.10.2021

Најслаткото нешто што ќе го видите денес - мачка и прасе најдобри другари

Мачката Били и свињата Вилбур се веројатно најслаткото нешто што ќе го видите денеска.

Тие се зближија на фармата на нивниот сопственик Џоди и станаа најдобри пријатели. Џоди има фарма во Канада, а нејзината љубов кон животните ја натера да се пресели од град во село со своите две мачки, куче и желка за да им даде малку повеќе простор.

Кратко потоа, таа одлучи да посвои прасе како милениче.

Џоди за медиумите изјави дека Вилбур наскоро се спријателил со Били и дека нивната врска е особено силна.

"Тие двајца станаа најдобри пријатели од почетокот. Тие само се сакаат, не знам како се случи", рекол сопственикот. Често знаат да спијат заедно и да се гушкаат. Иако прасецот Вилбур станува се поголе, Џоди вели дека ќе го чува дома затоа што тој стана буквално член на семејството “, рече таа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk