logo
logo
logo

Најскапата куќа во САД, проценета на 500 милиони долари, се нуди за половина цена (ВИДЕО)

Vecer | 06.12.2021

Најскапата куќа во САД, проценета на 500 милиони долари, се нуди за половина цена (ВИДЕО)

Во објава на Инстаграм минатото лето, Нил Нијами, развивачот на проектот, открил дека куќата има девет спални соби, седум базени, гаража со 50 автомобили, винарска визба со 10.000 шишиња, па дури и свој ноќен клуб, куглана и лизгалиште. .

Промовирана како најголема и најскапа куќа во САД, The One се очекувало да достигне пазарна цена од 500 милиони долари.

Но, поради доцнење и компликации, судскиот извршител ќе ја стави на аукција за половина од почетната цена , за 250 милиони долари.

Во 2018 година, Нијами позајмил 82,5 милиони долари од Hankey Capital за да продолжи да ја гради куќата. Но, во март оваа година, Ханки испратиле известување за неисполнување на обврските и го испратиле имотот на продажба. Нијами имал 90 дена да го плати или повторно да преговара за долгот, кој, според судските документи, пораснал на повеќе од 110 милиони долари.

Врховниот суд на округот Лос Анџелес го назначил Тед Лејн од Лејнс Менаџмент за стечаен управник кој ќе го подготви имотот за продажба откако ќе бидат издадени сите дозволи.

„Ова е многу комплициран имот со многу отворени прашања“, напишал Лејн во својот извештај. „Во моментов, фокусот е на добивање целосно осигурување и создавање временска рамка и буџет за да се обезбеди сертификација за употребливост за да се зголеми вредноста и да се направи имотот поконкурентен на пазарот.“

Лејн рече дека поправката и завршувањето на недовршената куќа може да чини 10 милиони долари и да потрае до една година.

Но, Перкинс, експерт за недвижности од SierraConstellation Partners, пред стечајниот суд изјавил дека Crestlloyd не планира да вработи никого, па вилата најверојатно ќе биде продадена во сегашната состојба.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk