logo
logo
logo

Најпознатите ПРОРОШТВА на Симпсонови кои оставаат без текст: КАКО Е МОЖНО?

Vecer | 08.05.2023

Најпознатите ПРОРОШТВА на Симпсонови кои оставаат без текст: КАКО Е МОЖНО?

Во последните години многу често одредени сцени од овој, веќе можеме да кажеме култен, цртан филм делуваат како некои пророштва. Ентузијастите премотуваат стари епизоди и докажуваат колку авторите биле пред своето време, а тие докази можете да ги видите со едноставно пребарување на интернет.

Креаторите на анимираната серија, Мет Гронинг, Сем Сајмон и Џејмс Л. Брукс, 14 пати биле вистински пророци. Еве што друго погодија, освен победата на Трамп, паметните часовници и спојувањето на „Фокс“ и „Дизни“.

 

Simpsonovi

Лејди Гага полета во „Симпсонови“ во 2012. Во реалниот живот, пет години подоцна.

Во една епизода од 1993 година, магионичарите во шоу слично на она што го изведоа Зигфрид и Рој беа нападнати од нивниот доверлив тигар. Вистинскиот Рој беше нападнат во 2003 година за време на настап во живо. Тој се здоби со сериозни повреди, но преживеа.

Во премиерата на 28. сезона, беше спомната шега за Арнолд Палмер истиот ден кога умре голферот.

На претседателските избори во САД во 2012 година гласачката машина беше дефект и сите гласови за Барак Обама отидоа кај Мит Ромни. Ова му се случи на Хомер Симпсон уште во 2008 година, кога неговиот глас за Обама му припадна на Мекејн.

Simpsonovi

Во епизодата од 1998 година, Хомер пишува равенка на таблата чие решение ја дава „масата на Хигсовиот бозон само малку поголема од наномасата на вистинскиот Хигсов бозон“, откри научникот Сајмон Синг.

Во една епизода од 1994 година, готвачката во училиштето беше прикажана како посегнува во буре на кое пишува „делови од коњско месо“ и го става во тенџерето во кое подготвува ручек за учениците. Многу подоцна, во 2013 година, се појавија вести дека траги од коњска ДНК биле пронајдени во производи од говедско месо низ Велика Британија.

Во 2010 година, Милхаус предвиде дека Бенгт Р. Холмстром ќе ја добие Нобеловата награда за економија. Тоа се случи, но дури во 2016 година.

Сега речиси изумрената, но некогаш популарна видео-игра „Гитарски херој“ првпат беше објавена во 2005 година. Меѓутоа, во „Симпсонови“ веќе во 2002 година, Мик Џегер и Кит Ричардс му подарија на Хомер јакна на чиј грб пишува „Гитарски херој“.

 

Simpsonovi

Во 2009 сите полудеа по играта „Фармвил“, дури бегаа од работа и часовите за да ја обработуваат виртуелната фарма. Во една епизода од 1998 година на Симпсонови, имаше сцена каде што децата си играа на симулатор за градинарство.

Во епизодата „Lisa Goes Gaga“, која се емитуваше во 2012 година, Лејди Гага беше прикажана како лета над публиката на концерт, додека виси на жици. Во полуфиналето на Супер Боул 51 во 2017 година, пејачката всушност долета на сцената од покривот на стадионот и ја носеше речиси истата гардероба како онаа во епизодата од цртаниот филм.

Во епизодата 18 од втората сезона, емитувана во 1991 година, Ринго Стар од Битлси одговара на писмата на обожавателите и вели: „Одвоија време да ми пишаат и не ми е грижа дали ми требаат 20 години, но морам да му одговорам секому.“ Па, во 2013 година, една жена доби одговор на нејзиното писмо до сер Пол Макартни по 50 години.

 

Simpsonovi

Во 2010 година, Хомер и Марџ ја победија Шведска и го освоија златниот олимписки медал во карлинг. Американците го освоија првото злато во карлинг токму овој февруари на Олимпијадата во Јужна Кореја победувајќи ја, погодувате, Шведска во финалето!

Да ни кажеше некој во 1995 година, на пример, дека светот ќе функционира со паметни телефони и часовници, слатко ќе се насмеевме, но денес не можеме да го замислиме животот без овие гаџети. Во далечната 1993 година, во една епизода тие ја предвидоа виртуелната реалност, иако во таа епизода Хомер и Марџ ја наситија гладта со помош на виртуелната реалност. Можеби научниците не се далеку од такво решение, но сосема е сигурно дека пред 27 години виртуелната реалност беше на ниво на научна фантастика за обичните луѓе, но денес многумина живеат виртуелни животи користејќи ги социјалните мрежи.

Исто така, во епизодата од 1995 година, Лиза има постер на ѕидот од нејзината соба на кој се прикажува најавата за турнејата на Ролинг Стоунс наречена - Турнеја во инвалидски колички 2010. Пред четврт век, Стоунси не можеа да го замислат, а ниту можеа нивните фанови, дека турнејата во 2010 година ќе биде изводлива, а овие „дедовци на рокот“ и денес можат да ја тресат секоја сцена.

 

Simpsonovi

Еден од поновите примери беше епизодата од 2013 година во која Хомер има политичка улога, а на гостинот на вестите на кајронот му беше испишан текстот дека Европа ја продава Грција на „И беј“ поради големи долгови. Само неколку години подоцна Грција беше погодена од најголемата должничка криза од која се уште се обидува да излезе.

Сепак, најактуелна денес е секако приказната за вирусите. Во една епизода, непознат вирус пристигнува од азиските земји и убива се пред себе, а вакцини нема доволно. Ако внимателно го погледнете видеото на Јутјуб, ќе видите дека се работи за вирусот Ковид 19. Меѓутоа, во коментарите под ова видео дознаваме дека се работи за монтажа. Вирусот беше главна тема на таа епизода, но се работи за различен вирус, само некој вешто ја сменил сликата. Во секој случај, видеото стана исклучително популарно, а „Симпсонови“ ја зацементираа својата позиција како модерни пророци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk