НАЈМОЌНИТЕ ИМИЊА од старословенската митологија: Најубавите машки и женски имиња за бебиња!

Ако чекате бебе, а сè уште не сте нашле име што ви се допаѓа, можеби ќе најдете инспирација во старословенската митологија.
Ви претставуваме прекрасни женски и машки имиња со убаво и моќно значење!
Старословенски женски имиња
Бојана – Старословенска божица на победата.
Даница – Во старословенската митологија, Даница е помладата сестра или ќерка на Сонцето. Таа е божица на самракот и заштитничка на човечкиот сон.
Јелена – Името на најдостојната кралица и божица. Го носеле многу крунисани жени.
Лела – Старословенска божица на шумите. Во митологијата е опишана како шумска дива девојка.
Тихана – Старословенска божица на среќата.
Весна – Старословенска божица на пролетта. Таа е замислена како девојка со чудесна убавина со цвет во косата што му носи живот и радост на светот, во левата рака држи букет цвеќе, а на показалецот од десната рака и стои ластовичка.

Старословенски машки имиња
Давор – Старословенски бог на војната. Ова божество наводно имало седум глави и седум меча зад појасот и осмиот во рацете.
Дарко – Оној кој дарува и несебично споделува.
Вид – Потекнува од латинскиот јазик и значи „живот“. Неговиот култ е особено распространет во словенските земји бидејќи е поврзан со старословенскиот бог на гатањето и воената победа, Светиот (Свантевид, Свевид).
Владислав – Име што значи „оној што има слава, славен.“