Вкупно 717 луѓе формирале жив синџир, кој е дел од акцијата Трет нудистички рекорд на Каталонија, пренесува Jurovicli News.
Акцијата се одржала во средината на јули на 20 плажи во Каталонија, но нудистите на плажата Торн не можеле да се приклучат поради лошите временски услови, па настанот бил одложен за август.
Како причина за оваа акција, претседателот на каталонското натуристичко здружение Сегимон Ровира ја наведе желбата да се зголеми бројот на нудисти, како и да се промовира и брани нудизмот, бидејќи иако не е забранет, тој не е баш добро прифатен во општеството.
„Во Каталонија и Шпанија се уште има предрасуди останати од годините на диктатурата на Франко, кои го забранија овој феномен“, вели Ровира.
Од Астурија до Каталонија, Шпанија има повеќе од 400 нудистички плажи.
More than 700 people form a #nudist human chain in Tarragona´s beach in Spain « Euro Weekly News https://t.co/BPFfhs1mgW
— Sυɳ Bυɱ ☀️🍑✌️ (@1n8urist) August 8, 2024
Иако нудизмот е целосно легален во таа земја, постојат закони за јавен ред што значат дека ако нечија голотија им пречи на другите, може да се преземат правни мерки.
Покрај тоа, масовниот туризам, притисокот од изградбата на нови туристички капацитети и општото присуство на мобилни телефони, исто така, придонесуваат за зголемен пад на нудистичката култура.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата