logo
logo
logo

На сопругот му се фрлам како на ПАРЧЕ МЕСО и тоа кратко го смирува, а потоа повторно почнува ПЕКОЛ

Vecer | 25.06.2021

На сопругот му се фрлам како на ПАРЧЕ МЕСО и тоа кратко го смирува, а потоа повторно почнува ПЕКОЛ

Постојано се жали на несреденост во домот.

Кога сте во брак, нормално е повремено да дојде до несогласување.

Проблемот е ако несогласувањата станат пракса.

А уште поголем ќе биде ако го решавате на погрешен начин.

44-годишна Британка се пожалила на проблем кој го има и побарала совет од психотерапевтката Деидре Сандерс.

“Сопругот вербално ме малтрертира, а кога повеќе не можам да се расправам, се фрлам на него како да е парче месо“, напишала таа.

 

“Опседнат е со секс и тогаш е мирен неколку дена“, додала таа.

 

Меѓутоа, тоа не трае долго и тој повторно почнува да се жали на среденоста во домот или како таа не ги собира работите од подот.

 

“Вели дека не е горд на домот, иако се е чисто и средено. Јас ќе му приговорам а тоа не му се бендисува. Вели дека сум како расипана плоча. Го сакам, но работите никако не се менуваат, а толку многу вложував во оваа врска. Децата ни се тинејџери, и несакам да не слушаат“, напишала жената.

- Секој пар понекогаш се кара, но ако тоа е зачестено, не е добро за децата тоа да го слушаат и помислат дека нормалната врска така функционира. Навредување со грди зборови и постојано викање ја надминува секоја граница. Бидете возрасни и едноставно заминете кога работите ќе станат неподносливи“, одговорила Деидре

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk