logo
logo
logo

На што мислат мажите ПОСЛЕ С*КСОТ?

Vecer | 27.11.2021

На што мислат мажите ПОСЛЕ С*КСОТ?

Сексуалниот живот е важен дел од врската и доколку не оди според очекувањата, врската може да се најде под искушенија. Иако често велат дека мажите не размислуваат премногу за време и по сексот, туку само уживаат, има некои истражувања кои го докажуваат спротивното.

Дали уживавте?

Иако понекогаш се чини дека вашата посилна половина мисли исклучиво на себе, мажите не се толку себични како што изгледаат. Многумина се грижат дали партнерот ќе ужива исто како и тие, а бидејќи оргазмот е единствениот сигурен доказ дека сексот бил добар, тие силно сакаат да го гледаат партнерот во екстаза.

Дали се чувствувате сакано?

 

По сексот, многу луѓе размислуваат за емоциите кои се на својот врв во даден момент. Така, во главата на посилниот пол се провлекува прашањето дали се чувствувате сакано, а гушкањето или туширањето заедно по кулминацијата се начините на кои ви го покажуваат тоа.

Прашањето за количината на секс

За маж кој е во квалитетна врска и ја цени својата партнерка, ова прашање сигурно ќе се најде на репертоарот. Така тој не сака да изгледа како зависник од секс во вашите очи, поради што постојано ја испитува количината на истиот, особено по водењето љубов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk