logo
logo
logo

На првата операција ја однела мајка и кога имала 13 г. - СЕГА Е ЗАВИСНИЧКА!

Vecer | 28.04.2021

На првата операција ја однела мајка и кога имала 13 г. - СЕГА Е ЗАВИСНИЧКА!

Стефани Мулиќ има 21 година и е од Шведска и е опседната со пластични операции и корекции. Првиот зафат го имала кога имала 13 години, а себеси си поставила цел да стане Барбика.

На корекции годишно троши по 15 000 евра. Стефани рекла дека во светот на пластичните корекции ја вовеле мајка и и тетка и, и дека филери во устата ставила кога имала 13 години.

- Живеам во мал град во Шведска и секогаш сум ја сакала убавината. Мајка ми цел живот работи како козметичарка, а тетка ми со ботокс и филери, така што ништо не ми беше непознато и туѓо. Од мали нозе знаев дека сакам да бидам русокоса и да изгледам како Џена Џејмисон или Холи Медисон, тие за мене се икони, рекла Стефани.

Стефани верува дека усните придонесуваат за тоа да изгледа совршено. Освен што го средила лицето, ушите, носот, аправила и нови заби, има екстензии, тетовирани веѓи, а користи и вештачки трепки...

И не планира да застане тука, сака да ги зголеми градите, да направи фејслифтинг, да извади некое ребро, да го зголеми задникот, очите да ги искоси... Вели дека семејството ја поддржува во желбата да изгледа добро.

- Мојот живот стана многу полесен од операциите. Не знам колку трошам на нив, но сигурно тоа се некаде колу 1500 евра месечно Сите мислат дека изгледам одлично, а јас сум задоволна од се досега, рекла Мулиќ и додала дека пред операциите не се сакала себеси.

- Сега се чувствувам многу подобро, иако имам уште доста за корегирање. Имам многу повеќе следбеници на Инстаграм, вели оваа девојка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk