logo
logo
logo

На овие хороскопски знаци есента ќе им донесе ЉУБОВ И ПАРИ

Vecer | 22.09.2022

На овие хороскопски знаци есента ќе им донесе ЉУБОВ И ПАРИ

Овен

Нема поубаво чувство за Овенот од тоа кога ќе ги заврши сите свои задачи. Сега ќе бидат ослободени од обврските, подготвени да се опуштат. Ќе уживаат во друштво на блиски луѓе, лесно ќе се поврзат со другите, ќе се забавуваат и ќе освојат ново срце.  Припадниците на овој знак се самоуверени, духовити личности кои лесно ги мотивираат другите и ги поттикнува на акција. Есенската рамноденица ќе им донесе љубов, бидејќи ќе создадат многу нови врски.

Бик

Се зголемува веројатноста да поминете квалитетно време со некој што го освоил вашето срце. Но, за време на есенската рамноденица, можно е Биковите да сакаат да се посветат и да работат на здрава љубов кон себе. Родените во овој знак ќе бидат пред се спонтани, многу ќе импровизираат, а енергијата ќе им се зголемува на полето на љубовта, романтиката и забавата. Во деловната сфера ги очекуваат интересни идеи, па тоа што ќе го смислат ќе наиде на одобрување и ќе можат да заработат стабилен приход.

Рак

Раковите ги очекуваат возбудливи вести на љубовен план. Можно е и да добијат информација за унапредување на работа. Ги очекува зголемување на приходите и напредување во кариерата. Време е да го преземат водството во нов професионален потфат. Есенската енергија ќе ги поттикне да го уредат вашиот дом, да го украсат и да го направат нивниот простор оаза на позитивна енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk