На „Милионер“ доби прашање каде е Кинескиот ѕид: Тоа што го направи е причина што цел свет и се смее (ВИДЕО)

Натпреварувачка во познатиот квиз „Кој сака да биде милионер", кој во минатото го имаше и во нашата државата, се „прослави" на едно од првите, полесни прашања.

На 26 годишната Су Ајхан и беше поставено прашање каде се наоѓа Кинескиот ѕид, а понудени одговори и беа Кина, Индија, Јужна Кореја и Јапонија.

Су не беше сигурна, па за помош искористи два џокери. Прво побара помош од публиката, која со 51 процент гласаше за Кина. На младата Турчинка тука сепак не и проработи логиката, па го искористи и џокерот повикај пријател, на крај сепак го заклучи одговорот со точен одговор.

Иако на ова прашање се „извлече", милионот сепак не го освои, падна на следното прашање.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари