logo
logo
logo

На Мет Гала можат САМО ВАКЦИНИРАНИ, а маски МОРА да се носат во затворен простор

Vecer | 05.08.2021

На Мет Гала можат САМО ВАКЦИНИРАНИ, а маски МОРА да се носат во затворен простор

Модната најпрестижна манифестација Мет Гала се враќа оваа есен, но со нови правила: „секој мора да биде вакциниран и да носи маска во затворен простор“.

- Сите гости на Мет Галата мора да достават доказ за целосна вакцинација на 13 септември, а исто така ќе се очекува да носат маски во затворени простории, освен за време на оброци и пијалоци. Ќе ги ажурираме овие упатства согласно потребите “, изјави портпаролот на Мет Гала за Daily Beast.

Оваа вест дојде откако неодамна беше објавено дека на ревиите на модната недела во Њујорк во септември, сите учесници исто така ќе треба да се вакцинираат, а за маските се уште не е решено.

Овогодинешната тема е „Во Америка: Моден лексикон“ и ќе ја водат Били Ајлиш, Наоми Осака, Аманда Горман и Тимоте Шаламет, со почесни претставници Том Форд и Ана Винтур.

„Секој од четирите ко-водители на Мет Галата ќе го отелотворува одлучувачкиот фактор во американски стил: „индивидуализмот“, соопшти Вог во мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk