Џорџија Холмс од Велика Британија на „ТикТок“ го покажа правилникот што го доби од нејзиното момче Џоел по повод Европското првенство во фудбал.

– Нема шанси да сум единствената што добила писмо од моето момче во пресрет на Европското првенство во фудбал – напиша таа на видеото кое им се допадна на скоро 50 000 луѓе.

– Ја пишувам оваа е-пошта како документ со условите и одредбите за Европското првенство, што ќе се одржи од петок, 11 јуни 2021 година, до недела, 11 јули. Сега ќе ги набројам условите и правилата – го започна дечкото писмото, кое многумина ги насмеа.

Правилата вклучуваат, меѓу другото, дека нема да има „интеракции со мобилни телефони“ освен ако тој не и се јави да и каже „дека фудбалот се враќа дома“.

Второто правило е дека никогаш не треба да го прашува кога ќе се врати дома, бидејќи поголемиот дел од своето време ќе го помине во пабот. Клаузула три, сепак, дозволува Џорџија да го повика своето момче кога станува збор за итни случаи. Може да му испраќа пораки само на полувреме или на крајот од играта, бидејќи неговото „целосно внимание мора да биде насочено кон играта“. Испраќањето пораки за време на пенали е строго забрането. Тој исто така додаде дека секое лошо расположение предизвикано од играта не смее да се сфати лично, а исто така најави дека често ќе се враќа дома во алкохолизирана состојба.

– Ако мислиш е дека пропуштив нешто или имаш некој друг предлог, може да се јавиш или да организираш средба лице в лице кога и да е ти одговара. Ти благодарам.

Правилникот насмеа многумина, вклучувајќи ја и неа, иако на крајот од видеото напиша: „Е*и се, Џоел!“