logo
logo
logo

На банкомат ДОЗНАЛА ДЕКА Е МИЛИЈАРДЕР, за жал ќе ги врати парите, од банката не и креваат

Vecer | 22.06.2021

На банкомат ДОЗНАЛА ДЕКА Е МИЛИЈАРДЕР, за жал ќе ги врати парите, од банката не и креваат

Јулија Јонковски од Флорида стана милијардер преку ноќ, најверојатно по грешка на банката, со која досега не успеа да стапи во контакт за да ги врати парите.

Имено, таа била убедена дека има околу 20 долари на својата сметка, а тие пари се обидела да ги повлече на банкомат. Сепак, издадено и било предупредување дека ќе влезе во нелегален минус.

Таа се откажала од повлекување пари, но подоцна се вратила на банкомат за да ги повлече преостанатите пари. Меѓутоа, кога ја проверила состојбата, таа за малку ќе се онесвестела. Наместо помалку од 20 долари, салдото на нејзината сметка беше 999.985.855,94 долари.

Од тогаш таа е во паника и сака што побрзо да се ослободи од овие пари. Таа веднаш се јавила во банката за да ги врати парите што очигледно биле упатени на нејзината сметка по грешка, но сè уште нема добиено одговор од банката.

- Се плашам. Повеќето луѓе веројатно би биле воодушевени од верувањето дека добиле на лотарија, но јас сум преплашена - вели Јулија.

- Читав приказни за луѓе на кои им се случило вакво нешто. Тие би ги повлекле парите и потоа ќе морале да ги вратат подоцна. Јас нема да ги земам овие пари, тоа не се мои пари - вели Јулија

Меѓутоа, кога се обидела да ги врати парите, наишла на сериозни проблеми затоа што не успеала да стапи во контакт со некој од банката.

- Цело време добивам автоматска порака, не можам да стапам во контакт со жива личност - вели таа.

Никој од банката сè уште не зборувал во оваа прилика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk