logo
logo
logo

НА АЕРОДРОМ ОТКРИЛЕ ДЕКА БАГАЖОТ Е ПОТЕЖОК 3 КИЛОГРАМИ: Кога го отвориле куферот доживеале големо изненадување! (ФОТО)

Vecer | 22.10.2021

НА АЕРОДРОМ ОТКРИЛЕ ДЕКА БАГАЖОТ Е ПОТЕЖОК 3 КИЛОГРАМИ: Кога го отвориле куферот доживеале големо изненадување! (ФОТО)

Двојка од САД која отиде на пат доживеа големо изненадување уште на аеродромот.

Имено, кога им бил измерен багажот, сфатиле дека еден куфер е три килограми потежок отколку што треба. Бидејќи не сакаа дополнително да платат, решија да го отворат за да видат што е толку тешко внатре и да исфрлат неколку работи.

Сепак, тоа што го нашле внатре дефинитивно не било за „фрлање“. Тие три вишок килограми се точната тежина на нивната чивава Ики.

Тие не се обиделе да ја прошверцуваат – Ики самата влегла во куферот и се скрила внатре. Ако навреме не беше забележана поголемата тежина на багажот, чивавата ќе полеташе со сопствениците.

Ики е склона да копа низ облеката и да се крие под неа, но сепак останува малку нејасно како сопствениците не забележале дека кучето го нема никаде во куќата.

Во секој случај, тие биле многу среќни што ја откриле навреме, бидејќи се прилично сигурни дека таа немало да го преживее летот.

Вработен на аеродромот се понудил да го чува кучето додека не се вратат сопствениците кои тргнале на пат.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk