logo
logo
logo

Му ја скратиле платата, ОТИ ПРЕМНОГУ ОДЕЛ ВО ТОАЛЕТ

Vecer | 29.04.2021

Му ја скратиле платата, ОТИ ПРЕМНОГУ ОДЕЛ ВО ТОАЛЕТ

Незадоволен работник на Фејсбук го изрази разочарувањето од компанијата која му  кратила дел од платата, а причината бизарна.

Случајот е од Тајван, а предизвика контроверзии на социјалните мрежи откако тој се пожали на намалување на плата, кое како што вели било поради премногу време поминато во тоалетот за време на работното време.

Тој признал дека минал огромни 49,5 часа во тоалет, што во просек поминувал околу два часа дневно, но рече дека работодавачот не го информирал дека може да му ја намали платата поради предолгите паузи во тоалетот.

Тајванецот ја објави својата приказна на групата „Блеум 2 Комуна“ на Фејсбук, барајќи друг член за совет како да се постапи понатаму.

Тој објасни дека минатиот месец работел 22 дена како приправник, вкупно 195 часа по саатница од 160 јуани. Сепак, на денот на плаќање, тој забележал дека му биле одземени околу 4.400 јуани, па решил да се пожали во Човечки ресурси.

Тој  бил информиран дека, според внатрешните снимки од видео надзор, тој минал скоро 50 работни часови во тоалетот во текот на претходниот месец, а бидејќи паузата е само еден часму биле одземени 27,5 часа од платата.

Човекот рече дека размислувал да ја пријави компанијата во Бирото за труд, но дека неговите родители се против тоа и му рекле да ја спушти главата и да ја задржи работата потоа.

„Ако не можам да поминувам време во тоалетот, тогаш ќе завршам во панталоните и тогаш сите ќе смрдат во канцеларијата. Јас сум навистина шокиран од сето ова",  вели тој.

Овој бизарен случај наиде на различни реакции на социјалните мрежи, при што некои велат дека ја разбираат одлуката на работодавачот, затоа што 50 часа месечно во тоалетот за време на работното време е премногу, а други го поддржуваат човекот и го охрабруваат да го пријави својот работодавец кај властите.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk