logo
logo
logo

Мозочни оштетувања, типични за Алцхајмерова и Паркинсонова болест, откриени кај починати од ковид-19

Vecer | 22.06.2021

Мозочни оштетувања, типични за Алцхајмерова и Паркинсонова болест, откриени кај починати од ковид-19

Оштетувања на мозокот, типични за пациенти со Алцхајмерова и Паркинсонова болест, се откриени кај луѓе кои починале од ковид-19, открија научници од Универзитетот Стенфорд.

Американски истражувачи, заедно со своите колеги од Универзитетот во германскиот град Саарбрикен, анализирале мозочно ткиво од осум пациенти кои починале од коронавирус, и од 14 лица кои починале од други причини.

– Забележани се „фрапантни промени” во мозокот на пациентите кои починале од ковид-19, објасни Тони Вис-Кори, кој е дел од научниот тим на Универзитетот Стенфорд.

Испитани се илјадници гени од секоја од 65.309 индивидуални клетки, земени од примероци на мозочните ткива. Според студијата, гените поврзани со спознавањето, шизофренија и депресија се активираат многу почесто во мозокот на луѓето кои страдаат од ковид-19.

– Имаше и знаци на истоштеност кај невроните во церебралниот кортекс – делот од мозокот кој игра важна улога во донесувањето одлуки, меморијата и математичкото расудување, додаде Вис-Кори.

Истражувачите не го открија вирусот во мозокот, што укажува на тоа дека инфекцијата во останатиот дел од телото може да предизвика невролошки симптоми дури и кај луѓе кои не умираат од ковид-19.

Податоците од истражувањето се објавени во списанието „Нејчр”.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk