logo
logo
logo

МОЖНО Е: Како да се наспиете во жештините без будење и без клима?

Vecer | 02.07.2021

МОЖНО Е: Како да се наспиете во жештините без будење и без клима?

Германски експерт дава четири совети да не се будите во текот на ноќта поради топлината – еден од нив ќе ве изненади.

Топлотниот бран што ја зафати Македонија последните недели тешко им падна на сите – оние кои со нетрпение го очекуваа убавото време „лелекаат“ за неподносливата топлина, а проблемот не е само „преживување“ на денот, проблемот е преживување и на ноќта. Се чини дека штом ќе заспиеме, топлината нè буди – се будиме во пот, стануваме да испиеме чаша вода, ја вклучиме климата за да се олади …

И додека многумина смислуваат како да го разладат домот без климатизација, постојат трикови кои ќе ви помогнат да заспиете за време на жешките ноќи …

Германскиот експерт за проблеми со спиењето, Ханс-Гунтер Вес вели дека овој проблем не треба да се потценува. Хроничната несоница може да има многу опасни последици, а тој исто така советува што да прави за да се обезбеди добар сон во текот на топлите ноќи.

„Сè се сведува на соодветна вентилација. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, и отворете ги пред да одите во кревет”, вели Вес.

Вториот совет е изненадувачки, но ефикасен. Треба да имате топол пијалок.

„Ако пиете нешто топло пред спиење, помала е веројатноста да се потите“, Топол туш е исто така добра опција бидејќи ќе ги отвори порите на кожата и ќе ви овозможи чувство на свежина.

Вес вели дека една работа што никогаш не треба да ја правите пред спиење, а тоа е да пиете чаша вино.

„Пиењето алкохол навечер може да има релаксирачки психолошки ефект, но исто така ги шири крвните садови и го поттикнува ноќното потење“, вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk