logo
logo
logo

Може ли КОВИД-19 да стане сезонска болест како грипот?

Vecer | 10.02.2021

Може ли КОВИД-19 да стане сезонска болест како грипот?

Дали како и грипот Ковид-19 би можел да еволуира и да почне да исчезнува или да се јавува со годишните времиња? Новото истражување, објавено во стручниот магазин Evolutionary Bioinformatics, укажува дека тоа би било возможно.

Врската на климата и географската широчина

 

На почетокот од пандемијата некои стручњаци велеа дека SARS-CoV-2 virus, кој го предизвикува Ковид-19 може да се однесува како и многу други корона вируси кои се шират и циркулираа во текот на есента и зимата. За да откријат дали тоа навистина би можело да биде возможно, истражувачите анализирале податоци за Ковид-19 вклучувајќи случаи, стапката на смртност, опоравувањето, стапката на тестирање и хоспитализација, и тоа од 221 земја.

Анализирајќи ги собраните податоци истражувачите, на пример, утврдиле силна врска со температурата, односно климара и географската ширина на некои земји.

- Еден заклучок е дека болеста можеби е сезонска како грипот. Ова е мошне важно за она што би требало да го очекуваме од сега откако вакцината ги контролира новите бранови на Ковид-19, рекол авторот на студијата Густаво Каетано-Анолес, професор на C.R. Woese Institute for Genomic Biology, University of Illinois.

На мутациите влијаат фактори кои немаат врска со климата

 

Истиот истражувачки тим претходно идентификувал подрачја во геномот на вирусот SARS-CoV-2 кои се подложени на брза мутација. Сличните вируси имаат сезонско зголемување на стапката на мутација, па научниците побарале врска меѓу мутациите на SARS-CoV-2 и температурата, географската широчина и должина.

- Нашите резултати покажуваат дека вирусот се менува со сопствено темпо, а на мутациите влијаат фактори кои не се температурата или географската ширина. Не знаеме точно кои фактори се тоа, но сега можеме да кажеме дека сезонските ефекти се независни од генетскиот состав на вирусот, навел професорот Каетано-Анолес.

Потребни се понатамошниистражувања за да се дознае повеќе за тоа како климата и различните годишни времиња можат да влијаат на стапката на Ковид-19, сметаат истражувачите.

Грипот има летна пауза, а Ковид-19 не

 

Авторите на студијата укажуваат дека имуниот систем на луѓето може да игра важна улога. На него можат да влијаат температурата и исхраната, вклучитело и витаминот Д, кој игра важна улога во имунитетот. Со помалку изложување на сонце во текот на зимата, повеќето луѓе не произведуваат доволно витамин Д.

- Знаеме дека грипот е сезонски и имаме пауза во текот на летото. Тоа ни дава шанса да направиме вакцина против грип за следната есен. Но очигледно е дека во оваа „бесна“ пандемија, тој прекин не постои. Можеби учењето за тоа како да го унапредиме нашиот имунитет би можело да ни помогне во борбата против болеста, додека се бориме да го стигнеме постојано променливиот корона вирус, објаснил Густаво Каетано - Анолес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk