logo
logo
logo

Може да го намали ризикот од хронични и срцеви заболувања-ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ВНЕСУВАТЕ СЕКОЈ ДЕН ВИТАМИН Ц

Vecer | 01.02.2021

Може да го намали ризикот од хронични и срцеви заболувања-ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ВНЕСУВАТЕ СЕКОЈ ДЕН ВИТАМИН Ц

Витаминот Ц е многу важен - освен што го подобрува имунолошкиот систем и помага организмот да се одбрани од сезонски настинки и грип, може да го намали ризикот од хронични и срцеви заболувања.

Недостатокот на витамин Ц може да предизвика низа здравствени проблеми, а меѓу најчестите се губење на телесната тежина, умор, рани кои потешко зацелуваат, настинка, инфекции на уринарниот тракт и слично.

Витаминот Ц му помага на телото да оздрави. Дејствува како антиоксидант и може да спречи оштетување на клетките.

Овој витамин исто така е потребен за биосинтезата на колагенот и затоа е главна состојка на многу производи за нега на кожа.

Докажано е дека витамин Ц може да спречи развој на рак.

Исто така, спречува развој на кардиоваскуларни заболувања, а го намалува високиот крвен притисок.

Помага при настинки

Овој витамин влијае на зајакнување на имунитетот, но лекарите истакнуваат дека витаминот Ц може да го скрати траењето на настинката и да ги ублажи симптомите.

Но, треба да внимавате бидејќи прекумерната употреба на витаминот Ц доведува до проблеми со варењето, пролив, мачнина и грчеви. Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите што доведува до создавање на камење во бубрезите.

Како да препознаете дека имате недостаток на витамин Ц?

Малаксаност, болки во зглобовите, сува кожа, склоност кон инфекции се само некои од знаците со кои телото ве предупредува дека му недостасува витамин Ц.

Веќе знаете дека витаминот Ц се содржи во цитрусното овошје, но исто така го има и во зелениот лиснат зеленчук, зелка, шипка, киви, јагоди, чили пиперчиња, црвена и зелена пиперка, прокељ, брокула, ананас и папаја.

Кајгана

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk