logo
logo
logo

Може да го купите МЕРЦЕДЕСОТ НА МАРАДОНА, ако имате 150-250.000 ЕВРА

Vecer | 05.12.2022

Може да го купите МЕРЦЕДЕСОТ НА МАРАДОНА, ако имате 150-250.000 ЕВРА

Мерцедес кој му припаѓал на легендарниот фудбалер Диего Марадона ќе оди на продажба. На аукциијата Bonhams Paris Sale 2023 ќе има црвен Мерцедес-Бенц, еден од автомобилите што му припаѓале на Марадона.

Покојниот Марадона го добил овој класичен мерцедес од група навивачи додека играл за неговиот прв професионален клуб, Бока Јуниорс од Буенос Аирес.

Еден од најголемите возачи на автомобилски трки, петкратниот светски шампион во Ф1, Хуан Мануел Фанџо, бил тој што му го предал новиот болид на Марадона. Имено, во тоа време Фанџо бил сопственик на единственото официјално застапништво на Мерцедес во Аргентина.

Мерцедесот од 1980 година има голем број опции, вклучувајќи електричен подвижен кров, клима уред и темпомат.

Тоа е еден од само 816 специјални примероци за хомологација, што му овозможило на овој модел да се натпреварува во Светскиот шампионат во рели, со редизајниран мотор и полесна каросерија.

Под хаубата се наоѓа 5,0-литарски мотор од 243 КС, со чија помош ова купе достигнува максимални 209 km/h.

Откако Марадона подоцна го продал, автомобилот бил дел од неколку приватни колекции во Аргентина, а потоа увезен во САД.

Се нуди во одлична состојба, со помалку од 62.000 км.

Се очекува да достигне цена помеѓу 150.000 и 250.000 евра на аукцијата во февруари 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk