logo
logo
logo

МОРНИЧАВО: Во катакомби се изложени над 8000 МРТВИ ТЕЛА (ФОТО)

Vecer | 10.03.2021

МОРНИЧАВО: Во катакомби се изложени над 8000 МРТВИ ТЕЛА (ФОТО)

Палермо е дом на една од најбизарните туристички атракции. Низ вратите на Капучинскиот манастир кој изгледа прилично обично однадвор, посетителите  можат да се спуштат во огромните катакомби и да доживеат необично искуство.

Осум илјади трупови во различни фази на распаѓање ги „красат“ sидовите на слабо осветлените катакомби.

Иако првично биле наменети исклучиво за монаси, тие на крајот биле проширени за да се направи простор за истакнати локални жители кои плаќале да бидат погребани на ова место.

Наредени според возраста, полот, занимањето и социјалниот статус, мумифицираните тела се наоѓаат во отворени ковчези низ ходниците или натрупани на полици.

Екстремно сувиот воздух во катакомбите влијае на природната мумификација на телата.

Свештениците првично лежеле мртви на полиците сè додека не биле целосно исчистени од телесните течности. После една година, исушениот труп се миел со киселина, а потоа го облекувале со неговата најубава облека.

Најстариот труп во оваа колекција е Силвестро да Губио, монах, кој починал во 1599 година.

Неодамна погребаната Розалија Лом   бардо имала само две години кога била балсамирана во 1920 година, откако и подлегнала на пневмонијата. Специјална постапка на балсамирање  направила телото на Розалија да изгледа толку зачувано што го добила прекарот Заспаната убавица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk