Најинцестоидното семејство на светот потекнува од Австралија, а во прашање е изопачен, чуден клан, чиј водач и основач е Тим Колт, кој емигрирал од Нов Зеланд во 70-тите години на минатиот век. Семејството вклучува четири генерации на инцести и најмалку 14 деца чии родители се крвно поврзани.

Според извештаите на „Сан“, Тим Колт, кој починал во 2009 година, имал еден вид камп во предградието на Нов Јужен Велс во Австралија, каде што ги силувал своите ќерки, кои потоа раѓале негови деца.

Истражувањето, врз основа на податоците објавени од Детскиот суд на Австралија, открива како Тим и неговата сопруга Џун имале седум деца – пет девојчиња и две момчиња. Но освен со неа имал деца и со ќерките Бети и Ронда.

 

Tim Kolt

Триесет и осум членови на семејството Колт биле принудени да живеат во страшна сиромаштија и болна атмосфера на инцест, педофилија и запоставување, а оваа приказна го згрози целиот свет кога беше откриена во 2013 година. Истата година, целото семејство добило псевдоними по налог на судот, вклучувајќи го и презимето Колт, во обид да го сокријат нивниот идентитет.

ДНК-тестирањето покажа дека 11 деца се родени од блиски роднини. Во кампот живееле и десет полнолетни членови на семејствата од втората и третата генерација, па не биле обврзани да направат ДНК-тестирање, а не се знае конечниот број на деца кои се родени како последица на инцест.

На еден од судските процеси, Родерик Колт, син на Тим Колт, беше прогласен за виновен за силување на неговата внука Петра, која беше и негова полусестра. Имено, Петра била биолошко дете на неговиот татко Тим и неговата сестра Бети, а Родерик не бил единствениот кој го злоставувал. Нејзиниот вујко Френк го направил истото во 2010 година за време на посетата на семејната фарма, кој минатата година конечно беше осуден за овој напад.

 

Tim Kolt

Петра во 2013 година ѝ кажала на полицијата дека никогаш не одела на училиште, дека живее во култ и дека сите нејзини тетки, чичковци и братучеди спијат заедно.

Марта, сестрата на Бети и Ронда, отворено го делела „брачниот кревет“ со нејзиниот брат Чарли Колт, и родила шест деца. Се верува дека некои од нејзините деца не се само од Чарли, туку и од нејзиниот друг брат, Родерик, и нејзиниот татко, Тим. Марта беше осудена и на две години затвор откако го прикрила татковството на своите деца, за што ДНК тестовите покажале дека се плод на врска со биолошки роднина.

Помеѓу 1988 и 2006 година, Марта родила три сина и три ќерки, но едно од девојчињата починало. Таа тврдела дека децата се резултат на случајни средби, кои судијата ги окарактеризирал како „докажана лага“. Судот како доказ ја приложил и снимката од разговорите меѓу Марта и нејзиниот брат Чарли, кои биле полни со „кикотење и сексуални алузии“.

Чарли Колт, кој првично се соочи со 27 обвиненија, беше прогласен за невин по две точки и беше ослободен, додека останатите обвиненија беа отфрлени.


 

 

Двете други ќерки на Тим Колт исто така беа осудени за лажно сведочење затоа што се обиделе да го сокријат идентитетот на татковците на нивните деца. Бети беше осудена по четири точки за лажно сведочење, една точка за лажно сведочење и една точка за вознемирување на судот и беше осудена на 14 месеци затвор. Ронда доби и 14 месеци затвор поради лажно сведочење.

ДНК-тестирањето покажа дека сите жени имале деца од татко, брат, полубрат, вујко, дедо или внук.

Од првичните 80 обвиненија поднесени против осум членови на семејството Колт, кои вклучуваа инцест, сексуална злоупотреба на деца, занемарување деца и лажно сведочење, многумина беа отфрлени. Иако сите осум членови на семејството завршија во притвор по апсењето во 2018 година, само половина беа осудени на затвор.

Тројца членови на семејството – Родерик, Марта и Дерек – го известија судот во 2020 година за нивната намера да поднесат жалба на пресудата, но правото да го сторат тоа истекло.

Застрашувачка семејна историја преполна со тековен инцест беше откриена пред девет години, кога властите открија околу 40 роднини кои живеат во нехумани услови во камп во предградието на Нов Јужен Велс. Сите живееле во стари кампови, шатори и бараки, без вода, струја или тоалети, а децата зборувале едвај разбирлив англиски.

Откако била откриена нивната фарма, кланот отпатувал во оддалечените делови на Австралија, настапувајќи на кантри емисии на фестивали, па дури и издавале албуми со омоти на кои е Тим Колт со неговите три деца. Еден од албумите дури беше најавен како збирка на семејни љубовни песни.

Повеќето од децата сега се пораснати, живеат во подобри услови, поздрави се и подобрена им е личната хигиена, но се уште се во сенка на детските трауми. Некои од нив имаат ниско обесени уши или погрешно поставени очи или изгледаат децении постари од нивната реална возраст, сето тоа како резултат на инцестот.