logo
logo
logo

Момче од племе во Амазонија по само 24 часа во цивилизација се врати во џунглата

Vecer | 16.02.2025

Момче од племе во Амазонија по само 24 часа во цивилизација се врати во џунглата

Млад член на изолирано домородно племе, кој стапил во контакт со локалното население во бразилскиот Амазон, се вратил во своето племе по помалку од 24 часа, објавија бразилските власти.

Средбата се случила во средата во населбата Бела Роса, во југозападниот дел на Амазонија, кога младото момче најверојатно барало огин, пренесува АП.

Мештаните се обиделе да го научат момчето како да користи запалка, но не успеале.

Претставниците на бразилската агенција за домородните народи (Фунаи) брзо пристигнале и привремено го однеле момченцето на безбедно место.

Младото момче потоа доброволно се вратило во шумата.

Фунаи испрати тим од лекари да проверат дали момчето заболело од некоја болест на која изолираните племиња немаат имунитет. Исто така, беше поставена заштита за да се спречи понатамошна комуникација со племето. Бразил, во согласност со својата политика, не бара контакт со изолирани племиња, туку воспоставува заштитени подрачја каде се следи нивниот живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk