logo
logo
logo

Мојата сопруга тврди дека не и пречи што ми е многу мал, но сигурен сум дека ме изневерува!

Vecer | 23.07.2021

Мојата сопруга тврди дека не и пречи што ми е многу мал, но сигурен сум дека ме изневерува!

-Мислам дека мојата жена има афера со нејзин стар пријател и тоа бидејќи мојот пенис е премногу мал да за и го пружи потребното задоволство во спалната соба, се пожали еден Британец.

Се со цел да добие соодветен одговор и совет тој своето писмо и го пратил на психологот Дејдре Сандерс.

Во писмото тој и ја објаснил ситуацијата во која се наоѓа.

-Често имам проблем и мислам дека нашата врска нема да опстане, иако таа секогаш ме уверува и вели дека големината не е важна. Сепак знам дека тоа не е вистина. Гледам дека е разочарана и незадоволна. И мислам дека причината за тоа е мојот полов орган. Не станува збор за "ултра мал алат", туку знам дека е помал од просекот. Проблемот е што згора на се, не расте кога ќе се возбудам, вели тој.

Во писмото тој и додава дека неговата сопруга го уверува дека тоа не и пречи, но знае дека пред него таа имала врски со други “поголеми” мажи. А кога жена еднаш ќе биде задоволена со таа големина, се помало понатака не и одговара – смета овој британец.

-Една вечер пред неколку години таа се опијани и почнавме да се караме. Во кавгата и излета дека јас не поседувам нешто со кое таа ќе се задоволи. Никогаш повеќе не разговаравме за тоа но тие зборови не можам да ги заборавам. Изминатиов месец таа се сретна со неколку пријатели од колеџ. Сигурен сум дека спиела со еден од нив. Доаѓа дома доцна и одма влегува под туш – и покрај тоа што се тушира пред да излезе, открива тој.

Британецот и признава дека се уште не се соочил со неа бидејќи мисли дека таа нема да признае.

-Не можам да се натпреварувам со човек кој има нормална големина. Ги одбројувам деновите што ми преостануваат бидејќи сум сигурен дека ќе ме напушти, признава тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk