logo
logo
logo

Мојата колешка е бремена и на сите им збори дека јас сум таткото, а никогаш не сме имале секс! Што да правам?

Vecer | 10.05.2021

Мојата колешка е бремена и на сите им збори дека јас сум таткото, а никогаш не сме имале секс! Што да правам?

Анонимен млад дечко неодамна се пожалил на корисниците на Редит за непријатна ситуција која ја доживува на своето работно место.

Впрочем, тој раскажува дека неговата бремена колешка им кажува на колегите дека татко на нејзиното дете е токму тој.

Тој пак тврди дека не е.

Според неговите зборови, повеќето колеги му верувале особено поради фактот дека тој е во врска со друга жена веќе цели 5 години. Но кога ги слушнал трачевите кои кружат низ фирмата тој решил да побара совет на Редит, пишува Mirror.

-Работам во една мала продавница и ја познавам колешката речиси две години. Таа често сака да се шали дека сме "колеги партнери", бидејќи цело време работиме во иста смена и добро се сложуваме. Ваквите муабети не ми пречеа бидејќи мислев дека се само шала. Таа остана бременена пред 5 месеи и претпоставував дека ќе биде самохрана мајка, но пред неколку месеци почна да се шегува дека сум татко на нејзиното дете. Ми кажа “Ај те молам тргни се, мајката на твоето дете сака да седне”, напишал тој.

Тој и додал дека истата ситуација се повторувала неколку пати по што бил примoран да и посочи дека таквите шали му сметаат.

-Една вечер ја затворав продавницата со друга колешка. Тогаш таа ме праша дали гласините се вистина – односно дека таа и кажала дека сме имале секс една вечер и дека јас сум таткото на нејзиното дете. Па така сега и другите мислат дека ваквите муабети се вистина и навистина не знам како да се убедам. Јас имам девојка веќе 5 години, додава тој.

Утредента ја сретнал бремената колешка и решил да се соочи со неа. И ги кажал гласините кои кружат и ја замолил да им објасни на нивните соработнии дека ваквите муабети се лажни.

-Беше вознемирана и ми кажа дека таа само се шалела. Ми кажа да не се грижам но јас толку се налутив и изгубив контрола по почнав да викам. Не слушнаа и другите колеги па на неа и падна непријатно и истрча кон тоалетот. Повеќе не зборуваме односно таа ме обвини дека јас сум ја посрамотил пред сите колеги. Искрено не знам дали претерав, прашува тој.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk