logo
logo
logo

Модни парчиња што Ана Винтур НЕ ГИ ПОДНЕСУВА! Има добра причина за тоа

Vecer | 05.08.2022

Модни парчиња што Ана Винтур НЕ ГИ ПОДНЕСУВА! Има добра причина за тоа

Ана Винтур, извршен уредник на американското издание на магазинот Вог, е една од најмоќните жени во светот на модата. Таа ги диктира трендовите, им дава благослов на новите дизајнерски имиња и нејзиниот збор е закон во светот на модата.

Иако многумина долго време ја доживуваа како страв и трепет, Ана со текот на годините стана многу поблиска со луѓето преку видео колумни на официјалниот Јутјуб канал на магазинот Вог, во кои одговара на различни модни прашања од јавноста.

Дизајнерите сè уште го почитуваат мислењето на Ана пред претставувањето на нивните нови колекции, но на еден многу распространет тренд кој не и се допаѓа, сепак не успеа да му застане на патот.

Станува збор за логоманијата, која навистина зеде замав во последните години, па повеќето модни куќи лансираа разни парчиња облека и додатоци со истакнато лого или монограм од својот бренд.

Пред неколку години таа ги пофали модните куќи Селин и Лов за нивните дискретни и антибренд колекции, но и тие во меѓувреме подлегнаа на овој тренд.

И на улиците на нашите градови можеме да ја видиме страста за облека со истакнато лого, која Винтур едноставно не може да ја поднесе, и не само таа!

Ана Винтур сè уште претпочита облека што нема некои големи потписи од брендовите што ги носи, а никогаш не сме ја виделе во масивни монограмски парчиња.

На долг рок гледано, дефинитивно тоа е попрофитабилна модна филозофија бидејќи носењето парчиња лого порано или подоцна повторно ќе излезе од мода и ќе се вратиме на облеката направена со подискретна маркетинг стратегија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk