logo
logo
logo

Мобилен телефон е насликан на слика стара 150 години?! (ФОТО)

Vecer | 03.06.2023

Мобилен телефон е насликан на слика стара 150 години?! (ФОТО)

Сликата од 1882 година наречена „Свршувачката на Брнс и Хајленд Мери“ на уметникот Џејмс Арчер ги прикажува поетот и неговата девојка Мери Кембел како си изјавуваат љубов еден кон друг.

Поетот ја држи капата и капутот над раката, а со другата рака ѝ подава правоаголен предмет на девојката.

Со оглед на тоа што сликата му претходи на пронајдокот на мобилните телефони и поточно на iPhone за околу 125 години, а во тоа време во Лондон започна да работи првата јавна електрана на јаглен во светот, се разбира некој претпоставувал дека тоа мора да е патник низ времето.

И, се разбира, како што се случува, објаснувањето е многу поедноставно.

Не, поетот не сакал да добие број од својата љубов ниту пак правеле селфи во тој важен момент, туку го одбележале со размена на Библии, традиционален чин од тоа време.

Инаку, ова не е првпат луѓето да забележат iPhone или мобилен телефон на слика стара стотици години. Слично се случило и со сликата „Очекуваните“ на австрискиот автор Фердинанд Георг Валдмилер од 1860 година кога луѓето се увериле дека наместо молитвеник виделе мобилен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk