logo
logo
logo

Младоженец се шокирал откако дознал што се очекува од него на првата брачна ноќ: Што драмиш? Моето семејство сака да учествува

Vecer | 15.09.2021

Младоженец се шокирал откако дознал што се очекува од него на првата брачна ноќ: Што драмиш? Моето семејство сака да учествува

23 годишен дечко на Редит открил чуден ритуал кој се бара од него на првата брачна ноќ и ги прашал своите следбеници за совет.

-Откако се веривме со мојата девојка забележав дека нејзините родители често знаат да се пошегуваат за нашата прва брачна ноќ. Мене ми е чудно дека се шалат на оваа тема, бидејќи сигурен сум дека нејзиното семејство е свесно дека ние досега имаме спиено заедно. Пред неколку ноќи, разговаравме за нашата венчавка и размислувавме каде да одиме на меден месец. Но таа ми кажа дека дека меден месец нема да ни треба одма по венчавката, напишал тој на Редит.

Имено, кога младенците прв пат го "консумираат бракот", семејството на невестата треба да чека пред вратата на спалната соба а потоа да ја земе постелнината од креветот и истата да биде зашиена во тепих, му објаснила девојката.

-Кога ја прашав зошто, таа ми објасни дека сака првата брачна да ја помине во куќата на нејзините родители и ми објасни зошто. Мажот и жената влегуваат заедно во спалната соба и таму треба да го консумираат бракот. Останатиот дел од семејството чека пред врата се со цел да им ракоплеска и да се весели кога тие ќе излезат од спалната соба. Потоа, од постелнината се шие таписерија кога останува во сопственост на мајката на девојката, пишува тој.

Тој и додал дека неговата вереница забележала дека тој не е среќен со овој ритуал и му кажала дека не мора да драми и дека тие можат само да се преправаат.

Иако овој млад дечко вели дека не сака воопшто да учествува на ваков ритуал сепак открива дека не сака и да го налути семејството на неговата вереница.

Голем дел од коментарите на Редит биле тој да не прифаќа ваков ритуал доколку не се чуствува пријатно.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk