logo
logo
logo

МЛАДИТЕ МАЖИ ИМААТ ПРОБЛЕМ ВО СЕ*СОТ ПОРАДИ КОРОНА! Нема врска со тежината на клиничката слика...

Vecer | 03.12.2021

МЛАДИТЕ МАЖИ ИМААТ ПРОБЛЕМ ВО СЕ*СОТ ПОРАДИ КОРОНА! Нема врска со тежината на клиничката слика...

Корона вирусот може да предизвика еректилна дисфункција, се наведува во поедини истражувања. Доктори од Хрватска за пациенти кои се дваесетгодишни имале лесна клиничка слика.

Хрватски сексуален терапевт др. Горан Арбанас, кој има амбуланта во Клиника за психијатрија Врапче, рекол за хрватските медиуми дека е зголемен бројот на пациенти кои прележале ковид а потоа се јавиле потешкотии во креветот.

“Имаме неколку пациенти кои се јавиле поради ерективни дисфункции, која е секогаш комбинација на органски пореметувања и психогени причини. Истражувањата покажале дека короната може да ги оштети келиите кои потоа доведуваат до проблем со ерекција. Но од друга страна, во прашање е нова смртоносна болест која создава страв и доведува до тоа потешко да се вратиме во секојдневниот живот, па и сексуалните односи“ – рекол тој.

Во КБ Сестри милосрдни исто така се лекуваат пациенти кои имале ковид а сега имаат проблем со потенција. Важно е да се нагласи дека кај нив се применува вообичаена терапија, рекол др. Игор Грубишиќ, специјалист за урологија од Клиниката за урологија.

Меѓу пациентите има многу млади луѓе, дваесетгодишни, кои инфекцијата на нозе ја издржале. Во некои денови имале засилен замор, но не и други симптоми.

“Тоа значи дека проблрмот со еректилната дифункција кај пациентите кои прележале корона немора да биде поврзана само со тешки симптоми, или дека не ги погодува само пациенти кои завршиле на респиратори и се борат за живот. Но се уште немаме информации за тврдењето дека инфекција од корона кај тие пациенти е глава причина за проблемот. Кога би имале повеќе истражувања и сознанија ќе можеме да донесеме заклучоци за тој проблем кај пациентите кои прележале ковид и можните причини, и потоа ќе знаеме нешто повеќе за тоа како проблемот правилно да се лекува“ – вели др. Грбишиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk