logo
logo
logo

МЛАДИ НЕВЕСТИ: Ако мајката е богата, ќерката не мора да се омажи малолетна

Vecer | 08.03.2021

МЛАДИ НЕВЕСТИ: Ако мајката е богата, ќерката не мора да се омажи малолетна

Во Етиопија, околу една четвртина од девојчињата венчаваат малолетни пред да наполнат 15 години, а повеќе од половина до 18 години. Тие се млади, навистина многу млади и често не го познаваат својот иден сопруг до денот на венчавката: тие се мали деца, жени на возраст под 18 години, кои семејството ги принудува да станат жени на непознати лица секоја година.

Според едно истражувње детските бракови во Етиопија  ја истакнува  тежината на богатството на родителите. Ако мајката поседува значителни средства (мобилен телефон, велосипед, машина за шиење, накит или други скапоцености), нејзината моќ да одлучува за судбината на нејзината ќерка ќе биде поголема, односно помала е веројатноста да се омажи детето пред полнолетството.

Но ако ако таткото го поседува семејното богатство, поголеми се шансите да детскиот брак да биде склучен за брзо време.

Младите девојки чија мајка поседува мало „богатство“ или нема, таму просечната возраст на детски брак е 16,6 години, но за ќерките на „побогатите“ жени просечната возраст се зголемува за 1,2 години.

Богатството имдава поголема моќ на преговарање со нивните сопрузи кога одлучуваат за судбината на нивните деца.

Наодите од оваа студија можат да послужат за подобро насочување на меѓународните напори за спречување на детски бракови ширум светот, на пример, помагајќи им на жените да го подобрат економскиот статус и да станат понезависни.

„Се проценува дека секоја година 14 милиони девојчиња и момчиња се венчаваат пред да наполнат 18 години“, вели Фелиз Мухомба, шеф на компанијата.

„Децата невести често го напуштаат училиштето, паѓаат во сиромаштија, се заразуваат со сексуално преносливи болести или трпат семејно насилство.

УНИЦЕФ предупредува дека бројот на млади принудени на брак ќе продолжи да расте, а Африка би можела да се удвои до 2050 година, ако не се стори ништо за искоренување на оваа традиција, која не ги почитува правата на човекот и жената.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk