logo
logo
logo

МИСТЕРИОЗНО ПАТУВАЊЕ, бирате само датум, но не ја знаете дестинацијата

Vecer | 26.11.2021

МИСТЕРИОЗНО ПАТУВАЊЕ, бирате само датум, но не ја знаете дестинацијата

Ако не можете да одлучите каде да одите на одмор, авиокомпанијата ќе го направи тоа наместо вас.

Луфтханза дизајнираше мистериозни летови кои ги носат патниците до бројни дестинации.

Идејата е да го изберете аеродромот од кој ќе полетате, една од деветте интересни туристички локации и датуми кои ви одговараат, а потоа по резервацијата да ја дознаете вашата дестинација.

„Очекувајте атрактивна дестинација во Европа“, стои на нивната веб-страница.

Има голем број тематски дестинации, а меѓу најевтините (68 евра) се локациите од категоријата „Дестинации за гледање“. Меѓу нив се Даблин, Краков, Рига, Варшава, Талин и Памплон.

Можете да изберете и од следниве теми: Уметност и знаменитости, локации на отворено, забава и места за љубовници.

Меѓу најскапите се летовите за Амстердам, Париз, Рим, Венеција и Будимпешта, кои се 99 евра.

Мистериозно патување можете да резервирате 42 дена пред поаѓање (но и само ден пред поаѓање), а бидејќи дестинацијата се открива по резервацијата, имате време и да го испланирате патувањето и да резервирате сместување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk