logo
logo
logo

МИСТЕРИЈАТА НА „КРВАВИТЕ“ ОБЕТКИ НА МЕГАН МАРКЛ: Вработените не смееле ДА ПИСНАТ за ова парче накит

Vecer | 02.10.2022

МИСТЕРИЈАТА НА „КРВАВИТЕ“ ОБЕТКИ НА МЕГАН МАРКЛ: Вработените не смееле ДА ПИСНАТ за ова парче накит

По смртта на кралицата Елизабета, многу тајни од Кенсингтонската палатаизлегуваат на виделина. Мистерија која до ден-денес ја интригира јавноста се висечките дијамантски обетки што ги носеше Меган Маркл иако знаеше дека потекнуваат од човекот одговорен за убиството.

Новата книга на Валентин Лоу откри детали за тоа како Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, го „малтретирала“ персоналот за време на нејзиниот престој во кралската палата. Се осврнала на однесувањето на поранешната актерка за време на турнејата во Австралија и Азија, каде што беше спонтана и насмеана пред камерите, а кога ќе се изгаснеле светлата, беше сосема поинаква - арогантна и дрска. Авторот на книгата посебно внимание посветил на „крвавите обетки“, подарок што поранешната војвотка од Сасекс го добила од саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Megan Markl

Светот виде идилични слики на Меган и Хари за време на нивната турнеја низ Јужниот Пацифик, а убавата војвотка го освои светот со своето опуштено однесување и убавина. Вистината, всушност, беше сосема поинаква. Иако уживаше во вниманието, Меган не ја сфати поентата на сите кралски прошетки, се ракуваше со безброј непознати, а вработените ја слушаа неколку пати како вели, мислејќи дека никој не слуша: „Не можам да верувам дека не добивам плата за ова“.

Пред да се омажи за Хари, Меган се сретнала со Мигел Хед, приватниот секретар на принцот Вилијам, кој и кажал дека палатата Кенсингтон ќе стори сé што може за да и помогне да се снајде во новата улога. Се зборувало за тоа што може да прави како сопруга на Хари, бидејќи глумата повеќе не била опција. Нејзе и било понудено да биде сценарист, продуцент, режисер, но и да се занимава со хуманитарна работа. Меган му се заблагодарила и рече дека сака да се концентрира на својата хуманитарна и филантропска работа и да го поддржи Хари како член на кралското семејство.

 

Mohamed bin Salman

 

Се испостави дека Меган воопшто не е лесно да се контролира. Еден од поголемите гафови беше тоа што таа доби свадбен подарок, висечки дијамантски обетки од саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој ќе се испостави дека го наредил убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги заедно со неговото семејство.

Во времето кога тогашната војвотка првпат ги носеше контроверзните обетки, аферата со убиството се уште не беше објавена во јавноста. Џамал ​​Кашоги, водечки дисидент, беше намамен во саудискиот конзулат во Истанбул, каде што беше убиен и распарчен пред неговото тело да биде отстрането. Уште на 12 октомври 2018 година, четири дена пред почетокот на турнејата, се зголемуваа сомнежите дека престолонаследникот Мохамед бин Салман лично го наредил убиството. Потоа, на 20 октомври, три дена пред вечерата на Хари и Меган на Фиџи, за време на која војвотката ги носеше спорните обетки, Саудиска Арабија призна дека нејзините службеници се одговорни за неговата смрт.

 

Megan Markl

Целата оваа ситуација се обиде да ја прикрие ПР тимот на британската монархија, изјавија дека накитот е позајмен од златарницата Choppard. Планот што го имаа беше да оправдаат зошто Меган свесно носеше обетки што и ги подарил човек обвинет за убиство на државен настан. Идејата дека војвотката би направила такво нешто намерно била шокантна, а вработените биле преплашени да ја прашаат двојката од каде е ова парче накит. Тие биле особено шокирани бидејќи војвотката јавно се залагаше за правата на жените во Саудиска Арабија. Така, брифингот на Кенсингтонската палата дека обетките се позајмени беше лошо одигран.

Но, Меган не застана тука. Истите обетки ги носеше за да го прослави 70-тиот роденден на актуелниот крал на Велика Британија, Чарлс Трети, нејзиниот свекор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk