logo
logo
logo

Мислите дека сте подготвени за брак? Размислете двапати, а еве и зошто

Vecer | 14.09.2021

Мислите дека сте подготвени за брак? Размислете двапати, а еве и зошто

Недостатокот на компатибилност и комуникација се двете најчести причини зошто луѓето се разведуваат.

Луѓето кои сакаат да стапат во брак верувајќи дека тоа е до крајот на нивниот живот, треба претходно отворено да разговараат за нивните очекувања, како и за минатото.

На овој начин, можат барем да се подготват за повеќето работи што ги чекаат кога, како сопружници, ќе се соочат со какви било пречки.

Ова се најчестите теми околу кои се јавуваат брачни проблеми и за кои треба да се преиспитате пред да стапите во брак:

1. Финансии

Како ќе ги комбинирате финансиите? Важно е да планирате како ќе ги споделите финансиските обврски - односно дали ќе ги споделите или ќе направите сѐ преку заедничка сметка. Може да одлучите дека секој има свои пари и една заедничка сметка за плаќање сметки.

2. Долгови

Одредувањето на меѓусебните реални долгови може да ви помогне однапред да планирате како ќе се справите со нив. Преќутувањето на толку важна ставка може да направи вашиот партнер да се чувствува измамен. Секој би се почуствувал предаден ако дознае за вистинскиот износ на долгот на својот партнер дури по свадбата. Покрај тоа, тоа навистина може да влијае на меѓусебната доверба.

3. Заштеди

Дали планирате да заштедите? Дали сакате да оставате нешто настрана? Тоа во бракот треба да биде заедничка одлука.

4. Деца

Дали планирате деца? Не секој сака деца. Дури и ако двајцата сопружници сакаат деца, треба да се дискутираат други работи, како што се стилови на воспитување, што би правеле доколку децата имале потешкотии во развојот или животот. И што е уште поважно - што ако не можете да имате деца? Дали сакате да посвоите дете, ќе барате сурогат мајка, ќе поминете низ вештачко оплодување или ќе раскинете?

5. Домашни работи

Домашните работи можеби изгледаат како банален проблем, но може да бидат поттик за големи расправии и несогласувања. Тоа е затоа што еден од партнерите може да се чувствува преоптоварен бидејќи ја завршува целата работа самиот. За да бидете сигурни дека има мир во куќата, подобро би било да разговарате за обврските во домот.

6. Неверство

Што сметате за неверство? Иако се чини дека неверството има универзална дефиниција, терминот може да значи различни нешта за различни луѓе. На пример, еден може да мисли дека бакнувањето е неверство, додека друг смета дека средба со бившиот партнер е изневерување. Има и луѓе кои мислат дека заљубувањето во некој друг е изневерување. Двојката треба да зборува за тоа што точно значи изневерувањето за нив и каде се границите на интимност со другите луѓе.

7. Простување

Што не простувате? Што и да е, мудро е да му го откриете на вашиот партнер пред да отидете кај матичарот за навреме да размислите дали е тоа нешто со кое можете да живеете. Ако овие работи се дискутираат рано, може да се постигне компромис.

8. Родители

Родителите ќе остарат, а можеби и ќе се разболат, што значи дека ќе им треба помош. Одлуки како дали сакате да живеете со нив или не, кој ќе се грижи за нив или колку пари ќе одвоите за да ги обезбедите, би било добро да знаете сѐ пред да стапите во брак бидејќи големите промени во животот можат да бидат извор на големи несогласувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk