logo
logo
logo

МИРКО БЕСПЛАТНО ЌЕ БИДЕ ЛИЧЕН ТРЕНЕР три месеци на четворица среќници

Vecer | 19.02.2021

МИРКО БЕСПЛАТНО ЌЕ БИДЕ ЛИЧЕН ТРЕНЕР три месеци на четворица среќници

Професионалниот боди билдер и фитнес тренер Мирко Петровски вели дека во следните три месеци на  четворица граѓани им овозможува бесплатно да вежбаат со личен тренер.

- Се одлучив на ваков чекор за да ги мотивирам луѓето да вежбаат, а со тоа да си го подобрат физичкото и психичкото здравје. Веќе цела година голем број граѓани работат од дома, а како резултат на тоа физичката активност им е сведена на минимум, што пак доведува до поголема телесна тежина, која честопати знае да носи ризици по здравјето, вели тој.

Петровски додава дека  на четворицата избрани ќе им биде направен план за исхрана и конкретен план за вежбање.

Откако подолго време теретаните и фитнес центрите беа затворени поради опасност од ширење на коронавирусот, Комисијата за заразни болести даде дозвола за работа, но со строго почитување на заштитните мерки.

Петровски во изјава за Утрински брифинг вели дека со одржување на дистанца, мерење температура на влез и редовна дезинфекција на рацете, речиси е невозможно да се прошири вирусот.

-Имаме строго ограничен број на вежбачи во сала, а за да не се надмине тој број секој што сака да вежба мора да се најави. Дезинфекцијата и одржувањето дистанца се задолжителни, а воведовме и УВ ламба за да бидеме позаштитени, вели Мирко.

Заинтересираните можат да се пријават на Инстаграм профилот на Мирко Петровски.

-Веќе има голема заинтересираност. Пријавувањето ќе трае до 23 февруари, јас лично ќе им направам интервју и ќе одлучиме кои ќе бидат најсоодветните кандидати кај кои очекуваме резултати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk