Мира Бањац заврши во болница

Наградата на годинешниот 8. Фестивал на домашни играни серии – ФЕДИС ја освои една од најдобрите српски актерки Мири Бањац (89).

Меѓутоа, за жал, Мира не се појави на доделувањето на наградата, бидејќи заврши во болница поради здравствени проблеми.

Наградата ја прими во нејзино име директорот на Кинотеката на Србија Радослав Зеленовиќ, кој откри детали за здравствената состојба на Мира Бањац.

„Невообичаено е Мира да не дојде самата. Има некои здравствени проблеми. Не грижете се, ногата е во прашање. Тука сум за да се заблагодарам во нејзино име. Мира е пионер на ТВ-сериите, а првата ја сними во 1967 година“, рече Зеленовиќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари