logo
logo
logo

Минатата година регистрирани рекордни 59 милиони принудно раселени лица

Vecer | 19.05.2022

Минатата година регистрирани рекордни 59 милиони принудно раселени лица

 Најновиот извештај објавен денеска покажува дека новитге бранови насилство, конфликтите и непогодите предизвикани од климатските промени биле причините голем број луѓе да бидат принудени да ги напушат сцвоите домови.

Според извештајот на Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ), проект на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) во Женева, минатата година се регистрирани 5,8 милиони раселени лица повеќе отколку во 2020 година.

„Ситуацијата денес е полоша отколку што сугерира дури и нашата рекордна бројка, бидејќи не вклучува речиси осум милиони луѓе принудени да избегаат од војната во Украина", рече генералниот секретар на НРЦ, Јан Егеланд.

„Потребни се драстични промени во начинот на кој размуслуваат светските лидери за тоа како да ги спречиме и решиме конфликтите и да ставиме крај на човечките страдања", вели тој.

Голем дел од регистрираните раселени лица отпаѓа на влошените услови во Авганистан, Јемен и субсахарска Африка. Најголемо раселување има во северните делови на Етиопија каде се заглавени 5,1 милион луѓе поради продолжената граѓанска војна од 2020 година.

Дури 80 отсто од раселените луѓе во светот се во субсахарска Африка, каде што нападите на вооружени групи присилија многу луѓе да ги напуштат своите домови, истовремено попречувајќи го инфраструктурниот развој и стабилноста како решение на проблемите на раселените.

Елементарните непогоди и неповолните климатски услови се причина за раселување на 5,9 милиони луѓе минатата година.

Голем е и бројот случаи луѓе да бидат принудени неколкупати да го менуваат местото на живеење во текот на една година. За минатата 2021 година тоа било случај кај дури 23,7 милиони луѓе или 60 проценти до сите случаи на раселување

Особено изложени на опасност од можни принудни раселувања се Кина, Филипините и Индија во густо населените областите зафатени од урагани, поројни дождови и поплави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk