logo
logo
logo

МИЛИОНСКИ ДОГОВОР за принцот Хари, а еве што ПОДГОТВУВА по смртта на кралицата Елизабета!

Vecer | 24.07.2021

МИЛИОНСКИ ДОГОВОР за принцот Хари, а еве што ПОДГОТВУВА по смртта на кралицата Елизабета!

Пред неколку дена беше објавено дека принцот Хари напишал мемоари, кои може да се објават  пред Божиќ оваа година, а Дејли меил сега пишува дека тој потпишал договор за дури четири книги. Втората книга по ред ќе дојде на полиците во книжарниците дури по смртта на неговата баба, кралицата Елизабета.

Извори блиски до принцот тврдат дека неговите мемоари се само „врв на глечерот“ кои ќе откријат бројни детали за животот во палатата. После повеќемесечни преговори со издавачите, принцот, наводно, потпишал договор вреден над 40 милиони долари за сите четири книги.

Не само што Хари се фрли во литературните води, туку и неговата сопруга Меган Маркл. За разлика од нејзиниот сопруг, Меган ќе пишува за велнес, но точните детали за нејзината книга сè уште не се познати.

Во своите мемоари, Хари работи со писателот во сенка Џ. Р. Моерингер, писател добитник на Пулицерова награда. Првиот нацрт на книгата, наводно, е веќе завршен. „Во интимните и емотивни мемоари на една од највлијателните личности во светот, принцот Хари за прв пат ќе открие искуства, детали од неговиот живот, победи и порази, но и лекции што ги научил низ животот“, објави издавачката куќа. Во објавата се наведува и како Хари пишувал за времето поминато во војска, за среќата што ја нашол во татковството и бракот и за многу детали од неговиот живот за кои досега не пишувал.

Да потсетиме, Хари и неговата сопруга Меган Маркл го шокираа кралското семејство на почетокот на минатата година кога се повлекоа од сите должности и се преселија во САД, а во март годинава уште еднаш го шокираа неговото семејство со интервјуто дадено на познатата водителка Опра Винфри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk