logo
logo
logo

Метеоролози: САД оваа сезона би можеле да бидат зафатени од барем еден ураган од 3 категорија

Vecer | 26.05.2022

Метеоролози: САД оваа сезона би можеле да бидат зафатени од барем еден ураган од 3 категорија

Експертите од Метеоролошката служба на САД објавија официјални прогнози за сезоната на урагани што трае од јуни до ноември. Нивните предвидувања соодветствуваат со прогнозите на научниците од Универзитетот во Колорадо и на Британската метеоролошка канцеларија.

Сите тие сугерираат натпросечен број бури, урагани и големи урагани. Оваа година би можела да биде седма по ред сезона со натпросечен број урагани.

Синоптичарите од Универзитетот во Колорадо сугерираат дека 70-процентни се шансите барем еден голем ураган (категорија три или повисока) да го погоди брегот на САД. Прогнозите се засноваат врз голем број фактори, но еден од највлијателните е природната временска шема за источниот дел на Тихиот Океан што има импликации врз временските прилики низ светот. Образецот се формира врз основа на промените на ветровите и температурите на морската површина во регонот, од потоплиот Ел Нино преку неутрална фаза до постудената Ла Нина. Ла Нина важи за поактивна сезона на урагани бидејќи придонесува за стивнување на ветриштата што овозможува побрз развој на тропските бури. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk