logo
logo
logo

Мераклии сте по кафе: Еве како да препознаете дека претерувате

Vecer | 22.06.2021

Мераклии сте по кафе: Еве како да препознаете дека претерувате

Кафето содржи кофеин кој може да го поправи расположението и да го забрза метаболизмот, но не треба да пиете повеќе од три кафиња на ден. Големата количина на кофеин може да предизвика непријатни и опасни нуспојави.

Иако постојат многубројни истражувања кои покажуваат колку кафе треба да внесувате во организмот, ви препорачуваме да ги следите желбите и потребите на вашето тело кое ви укажува на тоа колку шолји кафе треба да пиете дневно.

Овие знаци покажуваат дека пиете премногу кафе.

Анксиозни сте

Познато е дека кофеинот може да предизвика анксиозност. Дневниот внес од 1000 милиграми кофеин или повеќе предизвикува нервоза и слични симптоми кај повеќе луѓе.

Имате проблеми со стомакот

Кафето има лаксативно дејство, па доколку претерате може да имате дијареја или почеста потреба да одите во тоалет. Освен тоа, кафето придонесува за развој на гастроезофагеална рефлуксна болест. Доколку имате какви било проблеми со стомакот, се препорачува да го намалите внесот на кафе.

Некои студии покажуваат дека по консумирањето на кафе може да чувствувате умор и да имате проблеми со спиењето. Ќе чувствувате умор откако ќе се разбудите, па затоа избегнувајте да пиете кафе навечер или во попладневните часови.

Анксиозност

Со консумирање на прекумерна количина на кафе може да ви се појави анксиозност. Кафето го придвижува адреналинот кој влијае на вашето однесување. Доколку забележите дека сте премногу нервозни, намалете го внесот на кафе.

Ве мачи несоница

Кофеинот може да влијае негативно на вашиот сон. Истражувањата покажаа дека поради големиот внес на кофеин може да имате потешкотии со спиењето. Поради тоа ќе спиете помалку и ќе бидете уморни во текот на денот кога повторно ќе претерате со кафето кое ве одржува во будна состојба.

Забрзана работа на срцето

Кофеинот го забрзува пулсот, па поради тоа луѓето коишто имаат висок крвен притисок не треба да пијат кафе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk