Ефикасен домашен лек

Мелем од банана против кашлица

Лековитите својства на медот се добро познати. Но, дали знаевте дека медот во комбинација со бананата е одличен лек против кашлица?!

Изненадувачки, но бананата може да ве спаси од сувата кашлица, а така е затоа што бананите содржат многу влакна сахароза, каротин, ензими, калиум, магнезиум, железо и други корисни микроелементи и минерали. Овој состав на овошјето помага за подобрување на имунитетот, поради што бананите се исклучително корисен производ во третманот на грип и други заразни болести.

Банана и мед против кашлица

Лекот за кашлање со банани и мед има двојно дејство, го стимулира враќањето на виталните сили на телото и го забрзува процесот на заздравување. Подготовката на лекот е многу едноставна. Ви требаат само 3 состојки.

Потребно:

2 зрели банани

2 лажици мед

400 мл вода

Начин на приготвување: Истурете ја водата во тенџере и ставете ја на шпорет. Кога водата ќе почне да врие, тргнете го настрана. Зрелите банани излупете ги, испасирајте ги во блендер или со виљушка. Добиената смеса ставете ја во врелата вода и полека мешајте додека не добиете хомогена мешавина. Во изладената смеса додадете 2 лажици мед и повторно се добро измешајте. Лекот е подготвен!

Лекот од мед и банана треба да се зема 3-4 пати дневно, половина час пред јадење или после јадење.

Уште по првиот ден од третманот, во бронхиите ќе започне процесот на обновување и ќе забележите резултати, но имајте на ум дека се  препорачува лекот да се зема барем една недела.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари