Меланија Трамп во (не)згоден фустан кој многу жени се плашат да го облечат

Меланија Трамп мамеше погледи во Белата куќа на доделување на наградата "Медал на слободата" која американските претседатели ја доделуваат на исклучителни американски државјани.

За оваа прилика, таа избра тесен миди фустан на Роланд Мурет во кралска сина боја кој ја нагласи нејзината женска фигура.

Тој е дизајнер од Франција, чии креации ги сакаат многу познати личности од јавниот живот, особено војвотките од Кембриџ и Сасекс.

Но, тој е исто така дизајнер кој ужива во создавање на фустани кои не можат да бидат облечени без помош на друго лице, бидејќи тие имаат патентиран затворач на грбот од долу до горе.

Многу дами ги избегнуваат таквите модели, бидејќи се плашат нешто ненамерно да им се открие.

Но, Меланија се чувствуваше многу самоуверена во овој фустан, и го искомбинира со црн кожен модел на нејзините омилени потпетици Христијан Лобутин.

Поврзани

Најнови вести

Коментари