Мел Гибсон поради една жена ослабе 14 килограми за осум недели

Актерот Мел Гибсон веќе некое време се бори со вишок килограми, но поради една жена успеа да добие форма и да изгуби 14 килограми за осум недели.

Актерот ја запознал нутриционистката Саманта Џексон во ресторан во Сиднеј кога барал локација за снимање на неговиот нов филм. Саманта му пришла и му рекла дека може да му помогне, а Гибсон веднаш прифатил.

Тие си ги размениле броевите на мобилниот телефон, комуницирале преку пораки и Фејстајм, и актерот изгубил вишок килограми за само неколку недели, пишува „Дејли мејл“.

Актерот во осум недели изгубил 14 килограми и 27 см во половината, и вели дека се чувствува многу подобро.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари